3.647 матуранти кои од оправдани причини не полагале државна матура во јунскиот испитен рок, и оние кои не положиле некој од предметите, ќе полагаат матура во августовскиот рок, кој стартува наредниот понеделник, изјави на денешната прес конференција министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми.


„Државната матура ќе се спроведе во 21 училиште во целата држава. Распоредот на учениците во кое училиште ќе полагаат ќе биде објавен утре на веб страната на Државниот испитен центар www.matura.gov.mk . Како и во јунскиот испитен рок, така и во августовскиот, сите испити почнуваат во 10:00 часот. Прелиминарните резултати од државната матура ќе бидат достапни најдоцна 30 дена од полагањето на последниот екстерен испит. Учениците кои нема да бидат задоволни од добиената оценка по некој предмет, имаат право на приговор кој треба да се достави до Државниот испитен центар. По завршување на процесот на приговори, ќе бидат објавени и конечните резултати од државната матура од августовскиот испитен рок“, рече Адеми.

На 11.08.2014 (понеделник), ќе се одржат испитите по  мајчин јазик и литература, (македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература), на 13.08.2014 (среда), ќе полагаат матурантите кои одбрале странски јазик, (англиски, француски, германски и руски јазик),  на 14.08.2014 (четврток), се полага математика (основно и напредно ниво), естетика и филозофија и на 16.08.2014 (сабота),  ќе се спроведат испитите по хемија, физика, биологија, историја и бизнис. Интерните предмети матурантите ќе ги полагаат во периодот од 19 до 23 август, додека презентацијата и одбраната на проектната задача ќе се спроведе од 19 до 22 август.

Адеми информираше дека екстерната проверка на знаењето на учениците  ќе се одржи на 14, 15 и 18 август. Ќе полагаат 2.685 ученици по еден или два предмети. Учениците ќе знаат три дена пред полагањето по кој предмет ќе бидат тестирани. Рспоредите за екстерното тестирање ќе биде објавени на веб страната www.prasanjaeksterno.dic.edu.mk и на огласните табли во училиштата.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook