Министерот за образование и наука, г-дин Пиштар Лутфиу во текот на конференцијата "Обезбедување на демократија преку образованието" во Никозија - Република Кипар, организирана во рамките на Кипарското претседателство со Комитетот на Министри на Советот на Европа, оствари билатерална средба со министерката за образование и наука г-ѓа Лилјан Хриневич, при што разговараа за соработката меѓу двете земји во областа на образованието и науката.

Министерот Лутфиу истакна дека двете земји Украина и Македонија се земји кои имаат аспирации за членство во Европска Унија и НАТО, каде што клучен елемент за интеграција е соработката и разменувањето на искуствата во областа на образованието и науката.

Mинистерката Хриневич изрази подготвеност за соработка во заеднички проекти и за спроведување на заедничкиот Договор потпишан во 1998 година помеѓу двете земји.

Двајцата министри се договорија на создавање на комисии во насока на интензивирање на работите за реализација на прашањата кои ќе произлегуваат од Договорот за реализација на заедничките интереси како што се: организирање на заеднички конференции, финансирање на проекти во областа на високото образование и науката, интензивирање на соработката меѓу државните универзитети, различни обуки итн.

ministerka-slika-mk

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook