Врз основа на член 13-б став 2 од Законот за учебници за основно и средно образование (“Службен весник на Република Македонија” бр. бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15 и 30/16), Министерство за образование и наука – Педагошка служба, ул. ,,Св.Кирил и Методиј“ бр.54-Скопје, објавува

ЈАВЕН ПОВИК
за интерес за доставување на адаптирани учебници од странство за гимназиско образование, средно стручно тригодишно и четиригодишно образование

(1) Предмет на јавниот повик: Доставување на барање за одобрување на адаптиран учебник од странство на учебници за следните наставни предмети:

- Математика за I година средно образование ,
- Биологија за I година средно образование ,
- Хемија за I година средно образование ,
- Физика за I година средно образование ,

За секој наставен предмет треба да биде изготвен единствен учебник. Учебникот треба да биде изготвен согласно наставната програма и во него треба точно да бидат запазени назначувањата кои содржини за кои подрачја од средното образование се однесуваат, онака како што е наведено во самата наставна програма.

(2) Барање за одобрување на адаптиран учебник од странство може да поднесе:
-домашен издавач,
-странски издавач кој е регистриран за издавачка дејност во државата во која му е седиштето преку овластени законски застапници во Република Македонија

(3) Кон барањето домашниот издавач, како и странскиот издавач, преку овластени законски застапници во Република Македонија задолжително приложува:

-адаптиран учебник од странство, преведен на македонски јазик, ликовно и графички разработен и јазично уреден во шест примероци од кои пет во печатена форма ( три во колор и два во црно бело ) и еден во електронска форма,
-изјава од лектор за јазично уредување на текстот,
-список на лице/лица кои го преведувале адаптираниот 
учебник од странство, 
-домашниот издавач треба да достави доказ дека е регистриран за издавачка дејност во Република Македонија,
-странскиот издавач треба да достави доказ дека е регистриран за 
издавачка дејност во државата во која му е седиштето и овластување за законски застапник во Република Македонија.

(4) Рокот за доставување на адаптирани учебници од странство е заклучно со 18.04.2017 година

(5) Заинтересираните издавачи може да ги превземат адаптираните ипреведени наставни програми и Концепцијата за изработка на учебникот од веб страната на Бирото за развој на образованието.

(6) Некомплетната и ненавремено доставената документација нема да се земе во предвид.

(7) Домашниот или странски издавач на кој Педагошката служба ќе му даде одобрение за употреба на учебникот усогласен со донесена адаптирана и преведена наставна програма од Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ (Cambridge International Examinations) потребно е да добие одобрување (endorsement) на учебникот од Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ (Cambridge International Examinations). Постапката за одобрување (endorsement) е на трошок на издавачот.

(8) Барањето за одобрување на адаптиран учебник од странство да се достави на следната адреса

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - ПЕДАГОШКА СЛУЖБА ул. ,,Св.Кирил и Методиј“ бр.54-Скопје 

ministerka-slika-mk

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

КОНКУРС

за стипендии за студиски престој во земјите членки на CEEPUS Програмата

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook