Денес, министерот за образование и наука, г-дин Пиштар Лутфиу учествуваше на завршниот настан на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.
Реформите во образованието што ги спроведува Министерството за образование и наука веќе подолг период, се насочени и кон унапредување и усвојување на концептот за меѓуетничка интеграција.

„Сигурен сум дека сите ние, овде присутни, веруваме во моќта на образованието и во каков дух ги воспитуваме младите генерации. За високи постигања се потребни мотивација и упорност. За да се мотивираат и поддржат учениците да работат упорно и да ги негуваат мултикултурните вредности, и самите наставници треба да се мотивирани и да работат за нивните ученици да постигнат максимални резултати. Веруваме дека наставниците и родителите може значително да придонесат за подобра животна перспектива и затоа во реформите на образованието нивната улога е клучна.“- истакна министерот Пиштар Лутфиу.

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО) беше петгодишна иницијатива вредна 6,2 милиони долари, како поддршка на напорите на Владата на Македонија во процесот на етничка интеграција. Со оваа програма се зголемува свеста и се обезбедија обуки за разновидност, техничка помош и стимул за училишните одбори, директорите, наставниците и претставниците на администрацијата, како поддршка на меѓуетничката интеграција во образованието.

„Ви посакувам понатамошни успеси и ве повикувам да продолжите да ги воспитувате нашите млади граѓани во духот на мултикултурализам и почитувањето на различностите.”- додаде минстерот Лутфиу.

ministerka-slika-mk

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook