Во периодот од 9ти до 12 март во најголемиот туристички центар во земјата - градот Охрид, се одржа првиот интернационален студентски филмски фестивал “Филмоција“.

Фестивалот го организираше Институтот за филм – Филмска академија во Охрид, а со цел поврзување и размена на искуства помеѓу младите од регионот кои студираат во областа на филмот и продукцијата, како и промоција на студиските програми и образовни можности, со цел привлекување на заинтересирани кандидати за надградба на своето знаење, преку продолжување на постипломските студии на оваа високо образовна установа.

Четиридневната програма понуди бројни проекции и презентации на филмови изготвени од студенти од нашата земја, но и од Чешка, Турција, Црна Гора, Косово и Бугарија, како и низа едукативни работилници и содржини од забавен карактер.

На свеченото отворање на фестивалот беше прикажан и филмот „90 минути - Берлин проект“ на режисерот Иво Трајков, кој воедно е дел од наставниот кадар на оваа високо образовна установа.

Институтот за филм – Филмска академија Охрид, како придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, започна со работа во академската 2015/2016 година. Студиските програми кои ги нуди, се изведуваат на англиски јазик и се прилагодени на стандардите, принципите и долгата традиција на ФАМУ – петтата најстара филмска и телевизиска школа во светот, која е дел од престижната Академија за сценски уметности во Прага, Република Чешка.

Во моментов на програмите кои ги нуди, студираат постдипломци од Македонија, САД, Ирска, Индија, но има и студенти на размена од Естонија и Казахстан.

ministerka-slika-mk

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook