Денес, министерот за образование и наука, г-дин Пиштар Лутфиу, ја пречека делегацијата на Меѓународната организација за паметење на Холокаустот (ИХРА) предводена од Амбасадорот Јан Дебоут. Во делегација беше и г-ѓа Андреа Шоњи (од Унгарија, член на оваа организација). Исто така на оваа средба беа присутни амбасадорот Јован Теговски од Министерството за надворешни работи на Реублика Македонија, и советникот од Бирото за развој на образованието, г-дин Игор Јуруков.

На средбата, гостите од ИХРА го информираа министерот Лутфиу за нивните активности поврзани со Холокаустот и обележување на годишнината на депортирањето на евреите од Македонија во концентрационите логори. Активностите на обележувањето оваа година се 11 март и ќе бидат распоредени во повеќе градови во нашата држава, во местата каде што живееле евреите пред и во текот на Втората светска војна.

Во врска со ова годишнина, министерот исто така беше информиран и за активностите кои ги презема Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје, но полето на образованието и соработката со локалните училишта, за сензибилизација за периодот на Холокаустот и депортирањето на евреите во концентрационите логори. Целта на овие активности е да се извлече поука за тоа како не треба човечкото битие да се однесува во иднина.
Министерот за образование и наука, г-дин Пиштар Лутфиу ги поздрави гореспоменатите активности и во исто време ги информираше гостите од ИХРА дека веќе постои добра соработка помеѓу МОН и Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје на полето на образованието и дека секоја година се одржуваат семинари со наставниците за предметот историја.

minister-sajt-mk

Министер за образование и наука

spiro ristovski w2

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

КОНКУРС

за стипендии за студиски престој во земјите членки на CEEPUS Програмата

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook