По повод „7 Март“ и 130- годишнината на првата албанска школа, министерот за образование и наука г-дин Пиштар Лутфиу, присуствуваше на настан кој се одржа на Универзитетот „Мајка Тереза„ на кој се говореше за „Подемот на албанското образование во Скопје”, а беше во организација на Културно Информативниот Центар во Скопје.

Министерот Лутфиу истакна дека на овој ден сите ние се потсетуваме на нашите први учители кои не научија на албанските букви, и со многу љубов на научија како треба да се однесуваме. На овој ден исто така се одбележува и 130- годишнината на првата албанска школа и основање на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Кога ние се потсетуваме на 7 март 1887 година, се потсетуваме на првото училиште на албански јазик во градот Корча во Албанија. Отворањето на првото албанско училиште во Корча беше историски момент и голема победа за албанскиот народ затоа што до тогаш наставата се изведуваше во тајност во приватни домови. Во спомен на овој настан 7 март се одбележува како „ Ден на учителот“.

Нашиот предизвик е да обезбедиме квалитет во образование, како неопходност во контекст на интеграција и достигнување на европските стандарди.

Нашиот народ секогаш ќе го одбележува и ќе го слави 7 март бидејќи овој датум претставува голем и важен настан во историјата на образованието и културата на Албанците.

Исто така, министерот Лутфиу честитајќи им „7 Март“ на сите наставници, професори и педагози потенцираше дека нашето општество има неизбришлив долг на благодарност кон сите оние кои се жртвуваа со цел да се заштитат вредностите на јазикот, културата, историјата и традициите пренесувајќи ги од генерација на генерација.

Честит „7 Март“ и 130 - годишнината на првото албанско училиште.

minister-sajt-mk

Министер за образование и наука

spiro ristovski w2

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook