Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска ја посети компанијата „Енергосистем“ во која практична настава реализираат учениците од Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партение Зографски“.

Станува збор за партнерски проект кој е финансиран со грант во висина од 10.000 евра, во рамки на мерката за поврзување на средните стручни училишта со бизнис заедницата, што се имплементира преку „Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации“ на Министерството за образование и наука и Светската банка.

Целта на оваа мерка, како што рече Ристовски е зајакнување на меѓусебната соработка помеѓу училиштата и компаниите и унапредување на практичната настава и вештините за вработување на учениците. Појасни дека покрај теоретскиот дел на наставата што се спроведува во рамки на соодветната компанија и на училиштето, постои и практичен дел од целиот овој процес каде учениците директно се запознаваат со начинот на функционирање на работно место.

“На овој начин создаваме дуален систем за образование, кој е карактеристичен за развиените земји како Германија и Австрија. Од друга страна се покажува целокупната општествена одговорност и придонесот што можат да го дадат компаниите во развојот на тој образовен систем“, истакна Ристовски.

Практична настава во “Енергосистем“ посетуваат 25 ученици од машинска струка. За оваа намена подготвена е специјална работилница во која се инсталирани и ставени во функција сите елементи предвидени со програмата на кои учениците практично ги стекнуваат знаењата за намената, начинот на инсталирање и одржување.

Инаку, за распределбата на средствата преку грант програмата на Министерството, минатата година беше објавен јавен повик, на кој пристигнаа 110 предлог проекти за поврзување на училишта и компании, од кои, одобрени беа 54. Износите на средства по проект се движат 5.000 до 20.000 евра.

minister-sajt-mk

Министер за образование и наука

spiro ristovski w2

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook