Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска информираше дека преку програмата на Европската унија за поддршка на истражувања и иновации „Хоризонт 2020“, досега се одобрени 32 проекта и две апликации за мобилност на истражувачи од нашата држава, за кои се распределени речиси два милиони евра. Додаде дека е задоволен од досегашната искористеност на можностите што ги нуди програмата „Хоризонт 2020“во која Македонија четврта година е полноправна и асоцијативна земја членка.

„Република Македонија е една од земјите во регионот која заедно со Турција, Хрватска и Словенија постигнува висок процент на искористеност на средствата кои се достапни преку оваа програма. Тоа е, од една страна, резултат на заложбите на Владата и на Министерството за образование и наука кои ги обезбедуваат средствата за котизација за достапност на програмата и во изминатиот период за неа реализираа бројни промотивни активности и информативни кампањи. Од друга страна, резултат е на покажаниот интерес и подготвеност на потенцијалните корисници за вклучување, преку подготвување квалитетни проекти и успешно поднесување апликации“, рече Ристовски.

Информираше дека подносители на одобрените проекти најчесто се државните универзитети, но и граѓански организации. Средствата од програмата на Европската унија ќе добијат и Македонската академија на науките и уметностите, бизнис заедницата и јавните претпријатија и локални самоуправи. Одобрените средства од „Хоризонт 2020“се движат од 3.000 до 135.000 евра по проект.
„Проектите најчесто се однесуваат на унапредување на животната средина, преку подигнување на енергетската ефикасност, намалување на сообраќајниот метеж и искористување отпад во создавање енергија, а има и проект за зајакнување на иновациските капацитети на малите и средните претпријатија, проект за историски истражувања и проект за креирање алатки за подобро учење“,рече Ристовски.

Оваа програма на Европската унија чиј што буџет од 70 милијарди евра треба да се реализира до 2020 година е наменета за проекти за истражување и иновации, за креирање нови работни места, за мобилност на истражувачи и за стекнување нови знаења по пат на стипендирање. Средствата се распределуваат преку објавување јавни повици од Европската унија, на кои може да се аплицира со проекти изготвени исклучиво од конзорциум, односно партнерство на субјекти од најмалку три земји членки на Унијата или асоцијативни земји на оваа програма.

minister-sajt-mk

Министер за образование и наука

spiro ristovski w2

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

КОНКУРС

за стипендии за студиски престој во земјите членки на CEEPUS Програмата

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook