Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 52 од Законот за научно-истражувачка дејност (“Службен весник на Република Македонија” бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/3, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16) и член 4 од Правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно-истражувачките кадри (“Службен весник на Република Македонија” бр. 18/12, 64/13, 98/13, 70/14, 88/14, 74/15, 140/15 и 178/15) Министерството за образование и наука распишува

КОНКУРС
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ ЗА АКАДЕМСКИ СТУДИИ ОД ВТОР ЦИКЛУС ВО СТРАНСТВО ЗА АКАДЕМСКАТА 2017/2018 ГОДИНА

Министерството за образование и наука за академската 2017/2018 година ќе додели стипендии за академски студии од втор циклус во странство за студенти примени на академски студии од втор циклус, на еден од првите сто рангирани универзитети на последната објавена листа на Центарот за универзитети од светска класа при Шангајскиот Џио Тонг универзитет од областа на техничките науки, архитектурата, градежништвото, математиката, меѓународното право, економијата и финасиите, физиката, биологијата, хемијата и генетиката.

I.УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА:

Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:

1. Да има завршено академски студии од прв циклус во траење од три, односно четири години и постигнат просечен успех од најмалку 8,50 или да има нострифицирано диплома за академски студии од прв циклус стекнати во странство со остварен еквивалентен просечен успех од најмалку 8,50;

2. Да е примен на академски студии од втор циклус, прв пат во прва година во академската 2017/2018 година на еден од првите сто рангирани универзитети, според последната објавена ранг-листа на глобални универзитети од Институтот за високо образование при Шангајскиот Џио Тонг Универзитет, од областа на техничките науки, архитектурата, градежништвото, математиката, меѓународното право, економијата и финасиите, физиката, биологијата, хемијата и генетиката;

3. Да има доказ за активно познавање на јазикот на кој се изведува наставата;

4. Да не е корисник на стипендија од други даватели;

5. Да е државјанин на Република Македонија.

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

• Пријава;

• Диплома за завршени академски студии од прв циклус и уверение за постигнат успех (заверени на нотар) или нострифицирана диплома за академски студии од прв циклус стекнати во странство;

• Потврда од високообразовната установа дека кандидатот е примен првпат во прва година на академски студии од втор циклус во академската 2017/2018 година, од кога започнува семестарот и колку семестри траат студиите;

• Уверение-потврда за активно познавање на јазик (TOEFL, IELTS, DELFT или нивен еквивалент за соодветното јазично подрачје), освен за кандидатите кои дел од своето средно, односно високо образование го завршиле на јазикот на кој се изведува наставата;
• Своерачно потпишана изјава дека кандидатот не е корисник на стипендија за академски студии од втор циклус од други даватели (заверена на нотар).

• Две препораки од универзитетски професори од установата/те во кои кандидатот се стекнал со додипломски студии од прв циклус и препорака од својот работодавач (доколку е во работен однос);

• Мотивациско писмо;

• Меница во форма на нотарски акт како средство за обезбедување на поврат на исплатените средства;

• Уверение за државјанство на Република Македонија.

Документите кои се издаваат од институции од другите земји потребно е да бидат преведени на македонски јазик од соодветен овластен судски преведувач.

Потребните документи за доделување на стипендиите за академските студии од втор циклус може да се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар.

Уверението за државјанство на Република Македонија, Министерството за образование и наука по службена должност го обезбедува од надлежниот јавен орган, согласно член 52, став 13 од Законот за научно-истражувачка дејност.

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА:

На корисникот на стипендија му се надоместуваат трошоците за уписнина во висина од најмногу 40.000 УСА долари годишно, исплатени во соодветна валута, според средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на објавувањето на овој конкурс, еден авионски билет на почетокот на студиите, еден авионски билет по завршување на студиите или еден повратен авионски билет, а месечната стипендија се исплаќа согласно Решението за утврдување на начинот на пресметка на трошоците за месечна стипендија на студенти кои студираат во странство бр. 14-17211/1 од 29.12.2016 година (врз основа на Листата на индекси на малопродажни цени за животни трошоци, која е објавена од надлежните органи на Организацијата на Обединетите Нации).Секој износ над горенаведената сума за уписнина е на товар на студентот. 

IV. ОБВРСКИ НА ИЗБРАНИТЕ КАНДИДАТИ

1. Избраниот кандидат со договор се обврзува дека доколку ја добие стипендијата, за секоја година помината на студии во странство ќе работи две години во Република Македонија. По завршувањето на студиите и враќањето во Република Македонија кандидатот е должен шест месеци да биде на располагање за вработување во органите на државната управа, како и во државните високо-образовни и научни установи при што неговата работна позиција ќе биде соодветна на видот и степенот на неговите образовни квалификации. Доколку во периодот од шест месеци на кандидатот не му е понудена соодветно вработување во органите на државната управа, државните високо-образовни и научни установи тој може да бара вработување во приватниот сектор во Република Македонија.

2. Кандидатот ќе бидат ослободен од обврската да се врати во Република Македонија по завршувањето на студиите доколку во рок од три месеци од дипломирањето се вработи во компанија од Fortune top 500 листата во странство. Во ваквите случаи тие можат да останат во странство максимум три години со цел стекнување на меѓународно корпоративно искуство, по што се обврзани да се вратат во Република Македонија и да ја одработат обврската специфицирана во обврската бр. 1.

3. Во случај кандидатот да одлучи по завршувањето на студиите, да не се врати во Република Македонија и не ја исполни обврската од точка 1, потребно е да ги врати сите исплатени средства доделени за стипендија во износ десет пати поголем од износот на стипендијата, најдоцна во рок од една година од завршувањето на студиите.

V. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Рокот за пријавување на кандидатите за користење на академски стипендии за студии од втор циклус во странство е најдоцна до 01.09.2017 година.

Документите да се достават на адреса или во писарницата на Министерството за образование и наука ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје (со назнака стипендии за академски студии од втор циклус во странство)

Некомплетните документи и документите доставени по крајниот рок нема да се разгледуваат.

Информации за условите и критериумите под кои ќе се доделуваат стипендиите можат да се добијат во Министерството за образование и наука.

Контакт лица:
Дарко Томовски +389 2 3140 183, e-mail Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Андреа Алексовски + 389 2 3140 185, e-mail Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

minister-sajt-mk

Министер за образование и наука

spiro ristovski w2

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook