Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Стипендии за постдипломски студии од областа на јавното здравство во НР Кина

Стипендии за постдипломски студии од областа на јавното здравство во НР Кина

 

Vanke School of Public Health, при државниот Чинхуа Универзитет во НР Кина доделува максимум 3 стипендии за македонски студенти во областа на International Master of Public Health Program (IMPH).

Чинхуа Универзитетот е и најпрестижниот, прворангиран универзитет во НР Кина и рангиран на 43то место во светот во 2019 година, според Шангајската листа на универзитети. Најпознат алумни на овој универзитет е сегашниот кинески претседател Си Џинпинг, како и поранешниот претседател Ху Ѕинтао.

Цели на мастер програмата се: развивање на способноста на студентите за примена на теориите и аналитичките алатки на јавната здравствена дисциплина во нивната работа, унапредување на разбирањето на студентите за јавните здравствени проблеми во НР Кина и земјите во развој, подобрување на способноста на студентите да преземат поголеми лидерски улоги во решавањето на јавните здравствени проблеми, промовирање на соработката во Кина со други земји преку градење мрежа на соработка помеѓу универзитетите за глобални прашања од јавното здравство.

Мастер програмата е насочена кон креирање на нова генерација лидери во јавното здравство во земјите во развој.

Стипендијата ги покрива патните трошоци, сместувањето и школарината за академската 2021-2022 година.  

Краен рок за онлајн пријавување на оваа мастер програма е крајот на март 2021 година. Програмата е на англиски јазик. 

Повеќе информации може да се најдат на  веб страницата:

htpp://gradadmission.tsinghua.edu.cn/f/login

Кандидатите кои ќе се пријават онлајн за стипендии треба да достават копија од пријавниот лист во архивата на Министерството за образование и наука.

 

[ понеделник, 14 декември 2020 ] [ 306 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar