Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска: Почнаа обуките на наставниците за пилот програмата за сексуално образование

Царовска: Почнаа обуките на наставниците за пилот програмата за сексуално образование

 

Царовска: Почнаа обуките на наставниците за пилот програмата за сексуално образование

 

Воведувањето сеопфатно сексуално образование во основните училишта, ќе значи унапредување на родовата еднаквост, инклузивноста и толеранцијата, но и превенција од сексуалното вознемирување и насилството. Ова образование значи знаења за начините за заштита, однесувањето и предизвиците коишто ги носат пубертетот и развојот до адолесценција. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на стартот на првата фаза од обуките за наставниците.

 

„Сексуално образование многу често е поставувано како нешто што не треба да се прави, не треба да се зборува во училиште. Но кога ќе го поедноставиме и кога ќе кажеме дека зборуваме за ненасилство, за прифаќање на себе, на своето тело, за градење релации со другите луѓе околу нас, за создавање партнерски однос, дискусија околу своите емоции, тогаш сите велат да, тоа е потребно. Токму затоа сите истражувања покажуваат дека и родителите и наставниците и учениците имаат потреба од воведување на овие теми во формалното образование, затоа што не секое дете има можност дома да разговара за овие прашања и така неинформирани влегуваат во одредени релации и односи, на погрешен начин, често повредувани, често злоупотребувани и често неприфатени од околината и од себе“, рече Царовска.

 

Образованието е подготовка на младите луѓе за она што понатаму ги чека од моментот кога ќе станат возрасни. Токму затоа, министерката побара од наставниците да се вложат во овој процес и да станат лидери во своите училишта за промоција на овие прашања, како главна алка за пренос на сеопфатното сексуално образование.  

 

Пилот-програмата на почеток ќе опфати четири училишта – три во Скопје и едно во Тетово и наставата ќе се реализира на македонски и на албански јазик. Целта е понатаму да се интегрира во наставните курикулуми.

 

Во процесот на воведување на сеопфатни сексуално образование е вклучено Бирото за развој на образованието, граѓанската организација ХЕРА, како и меѓународни организациии – УНЕСКО, УНДП, СЗО, УНФПА – Фонд за население на ООН.

[ среда, 02 декември 2020 ] [ 887 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar