Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Инфо ден на програмата за вмрежување во науката во Европа - СОЅТ (Cooperation in Science and Technology in Europe)

Инфо ден на програмата за вмрежување во науката во Европа - СОЅТ (Cooperation in Science and Technology in Europe)

 

На 26.11.2020 година на иницијатива на СОЅТ - Cooperation in Science and Technology in Europe (најголемата Европска програма за вмрежување во науката) се организираше СОЅТ онлајн инфо ден за Република Северна Македонија кој го следеа повеќе од 90 учесници.

Овој инфо ден беше координиран од Универзитетот Мајка Тереза во Скопје заедно со СОЅТ администрацијата со седиште во Брисел и претставниците на СОЅТ од Република Северна Македонија.

Инфо денот со свој поздравен говор го отвори Ректорот на УМТ, проф-д-р Азис Положани кој укажа на значењето на СОЅТ програмата и изрази надеж за унапредување на учеството на нашите научници во следните години во СОЅТ акциите.

Со свои презентации учествуваа претставници од COST, директорот Роналд де Бруин кој даде увид во поширокиот контекст на СОЅТ во рамки на Хоризонт 2020 и Кристер Хален и Барт Вејс кои ги запознаа присутните со начинот на организација, финансирање и управување со СОЅТ акциите, како и со подготовката на предлози за нови акции.

Професори од нашата земја презентираа за личните искуства за придобивките од учеството во СОЅТ програмата, а  од друга страна националиот координатор и членот на Комитетот на високи претставници на Извршниот одбор дадоа објаснување за текот на номинациите на учесниците од Република Северна Македонија и препораки како овој процес во иднина да се унапреди.

Од инфо денот произлегоа заклучоци дека во иднина треба да се зголеми учеството на научници и иноватори од Република Северна Македонија во програмите на СОЅТ и да се овозможи користење и на другите активности од оваа програма, особено на т.н. СОЅТ академија за јакнење на капацитетите за стратешко планирање на научно-истражувачката и иновативната дејност во МОН.

Во прилог може да се преземат презентациите од инфо денот.

 

Info Day North-Macedonia


Nomination process and country participation

[ петок, 27 ноември 2020 ] [ 237 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar