Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска: Врз основа на меѓународни искуства ќе создадеме наш македонски модел на образование

Царовска: Врз основа на меѓународни искуства ќе создадеме наш македонски модел на образование

 

Царовска: Врз основа на меѓународни искуства ќе создадеме наш македонски модел на образование

 

Министерката за образование и наука Мила Царовска денес одржа онлајн состанок со претставници од естонското и грузиското Министерство за образование, претставници од регионалните канцеларии на УНИЦЕФ и со претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција Ди Џовани. На состанок беа споделени искуствата на Грузија и Естонија за реформските процеси во основното образование и моделот на користење на наставните материјали.

Министерката на состанокот истакна дека врз основа на меѓународните искуства ќе искреираме наш нов македонски образовен систем на основно образование којшто ќе дава резултати и на домашните тестирања и на меѓународните тестирања. Но клучно, ќе ги научи децата критички да размислуваат и да донесуваа одлуки. Образовниот систем ќе се подобрува врз основа на факти и аргументи што ќе се добијат од Националното тестирање во 2021 година, резултатите од матурата, оценките на крајот од годината, и забелешките на учениците, родителите и наставниците.

Царовска рече дека работната група којашто ја прави новата концепција за основно образование испратила прашалник со истражување до сите наставници за да се утврдат нивните ставови и што е тоа што недостига на образованието. Истиот прашалник ќе се достави и до родителите и до учениците.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar