Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Повторен Конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија за студиската 2020/2021 година

Повторен Конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија за студиската 2020/2021 година

 

 

I.1. Во студиската 2020/2021 година во државните студентски домови и други соодветни објекти за сместување во Република Северна Македонија во приватните студентски домови ќе се примаат редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во Република Северна Македонија и тоа:

 

Реден број СТУДЕНТСКИ ДОМ МЕСТО Број на легла за студенти од I година Број на легла за студенти од II, III, IV, V и VI год. и апсолвенти ВКУПЕН БРОЈ НА ЛЕГЛА

 

Реден број

СТУДЕНТСКИ ДОМ

МЕСТО

ВКУПЕН БРОЈ НА ЛЕГЛА

1

ДСД “СКОПЈЕ”

Скопје

 

 

- ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

 

35

 

-КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ ПИТУ

 

12

 

-СТИВ НАУМОВ – трета зграда

 

197

 

-СТИВ НАУМОВ – нови бараки

 

1

2

ДСД “ПЕЛАГОНИЈА”

Скопје

33

3

ДСД “ТОМЕ СТЕФАНОВСКИ СЕНИЌ”

Скопје

144

4

ДСД “КОЧО РАЦИН”

Битола

22

5

ДСД “НИКОЛА КАРЕВ”

Охрид

80

6

ДСД “ОРДЕ ЧОПЕЛА”

Прилеп

50

7

ПСД “ХИЛЈАДНИКОВ”

Штип

4

 

ВКУПНО:

 

578

I.2. Распределбата на вкупниот број на расположиви места во домовите се врши на следниот начин:
а) прва група – 40% од вкупниот број на расположивите места во домовите се за студенти за кои вкупните приходи во семејството се до нето минималната плата утврдена во Република Северна Македонија, и тоа за студенти:
- деца без родители и родителска грижа,
- деца со посебни потреби,
- деца на корисници на социјална парична помош и постојана парична помош,
- деца на самохран родител,
- деца на невработени родители и
- деца на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини.
б) Во првата група спаѓаат и студенти за кои вкупните приходи во семејството се над нето минималната плата утврдена во Република Северна Македонија и тоа за студенти:
- деца без родители и родителска грижа,
- деца со посебни потреби,
- деца на самохран родител,
- деца на невработени родители
- деца на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини. 
в) Втора група – 25% од вкупниот број на расположивите места во домовите се за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето.
г) Трета група – 35% од вкупниот број на расположивите места во домовите се за редовни студенти запишани на прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовните установи во Република Северна Македонија кои не припаѓаат во групите од точките а), б) и в) на овaа точка.
I.3. Од вкупниот број расположиви места во студентските домови, 20% се обезбедуваат за студенти, кои за прв пат ќе бидат запишани на прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија.

II. УСЛОВИ ЗА ПРИЕМ
II.1. Право на прием имаат редовни студенти кои се државјани на Република Северна Македонија и се школуваат надвор од местото на живеење, запишани на додипломски студии со траење:
- помалку од осум семестри, а не повторувале студиска година;
- осум семестри, а не повторувале повеќе од една студиска година и
- над осум семестри, а не повторувале повеќе од две студиски години;
II.2. Право на прием во државните студентски домови имаат и редовни студенти кои се запишани на јавните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија, а се избрани со конкурси, одлуки, решенија, договори и сл. и тоа: владини стипендисти-студенти со македонско потекло, студенти од странство кои студираат на универзитетите и високообразовните установи во Република Северна Македонија, студенти согласно програмата ЦЕЕПУС, студенти според билателарни договори и слично.
II.3. Немаат право на прием студентите:
1. кои го нарушиле куќниот ред во домот и за што им е изречена воспитна мерка забрана за користење на услугите на домот, за време определено во изречената воспитна мерка,
2. запишани по втор пат како апсолвенти, 
3. кои не ги подмириле обврските за сместување кон домовите повеќе од еден месец,
4. запишани на постдипломски студии.

II.4. Студентите кај кои Комисијата за прием ќе констатира злоупотреба на добиеното легло, истото ќе им биде одземено и доделено на студент од листата на чекање за соодветниот дом.

III. НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Студентите кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот www.konkursi.mon.gov.mk. Студентите може да конкурираат за прием само за еден студентски дом. Студентите кои електронски се пријавиле повеќе пати, за валидна ќе се смета последната пријава, пред доставувањето на потребните документи од Глава IV. Рокот за електронското пријавување на студентите од II година и повисоките години почнува од
27.10.2020 година и трае до 04.11.2020 година. Рокот за електронското пријавување на студентите од I година почнува од 27.10.2020 година и трае до 04.11.2020 година.

IV. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ ЗА СМЕСТУВАЊЕ
IV.1. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
Студентите, кои ги исполнуваат условите по Конкурсот и пополниле електронска пријава, потребно е да ги достават следните документи: 
1. Молба со платена административна такса од 50,00 денари;
2. Идентификационен број од успешно пополнета електронска пријава;
3. Потврда за редовност во текот на студиите;
4. Испечатена електронска пријава заради проверка на податоците;
5. Уверение со бројот на предвидени и положени испити од претходните години;
6. Заверен образец “УППИ”;
7. Студентите запишани за прв пат во I година, доставуваат копија од дипломата за завршено средно образование и потврда за запишани редовни студии (или друг документ со кој ќе потврдат дека се примени на факултет);
8. Изјава за семејната положба на студентот, односно неговото потесно семејство;
9. Кандидатите-студенти без родители и родителска грижа (да имаат потврда од надлежен Центар за социјални грижи, потврда од домот каде што е згрижен или друга соодветна документација со која ќе докажат дека се деца без родители) и студенти кои се категоризирани како лица со посебни потреби (да имаат наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој) со кој ќе гo докажат нивниот статус;
10. Изјава за користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка;
11. Изјава за идентичност на податоците;
12. Изјава од родител – старател за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана во домот;
13. Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за месец јуни 2020 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата (за родителите-старатели вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите-старатели вработени во приватни фирми да се достави потрда за плата како и заверена декларација за прием на платата); за пензионираните членови на семејството да се достави документ за висина на пензија-чек; за разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход, за корисници на социјална помош да доставува последно решение или последен чек, за инвалидитет да се достави лекарска белешка, додека за браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти, се доставува потврда од училиштето, односно факултетот или друга институција;
14. Министерството за образование и наука по службен пат, согласно потпишани договори за соработка, ќе ги обезбеди следните документи:
- уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки,добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители- старатели на кандидатот поединечно и за самиот кандидат;
- потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок невработените членови на потесното семејство од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија;
- извод на родени за брат/сестра под 6 годишна возраст, како и извод на умрените за починат родител од Управата за водење на матични книги;
- уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

 

 


IV.2. ДОСТАВА НА ДОКУМЕНТИ
Кандидатите-студенти без родители и родителска грижа и студенти кои се лица со посебни потреби ги доставуваат документите под реден број 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11 и 12.
Заради настанатата ситуација со епидемијата со КОВИД19 и заради избегнување на масовни собирања и групирања, кандидатите кои конкурираат за студентски дом, горенаведените документи ги доставуваат до студентскиот дом за кој се пријавуваат за сместување и тоа почнувајќи од
27.10.2020 година до 04.11.2020 година, додека студентите од I година документите ги доставуваат почнувајќи од 27.10.2020 година до 04.11.2020 година. Студентскиот дом ги доставува документите од сите кандидати до  Комисијата за прием и проверка на документацијата во домот за кој конкурираат.
Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е:
- некомплетна и
- ненавремено доставена.
Кандидатите нема да бидат рангирани на конечниот список на прием на студенти во студентски домови ако Комисијата утврди дека податоците кои се внесени во електронската пријава не се идентични со податоците од доставената документација.

V. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ПРИЕМ НА СТУДЕНТИ
V.1. Начинот и постапката за прием на студентите во студентските домови и други сместувачки капацитети, како и условите за сместување и исхрана се регулираат согласно Законот за студентскиот стандард и Правилникот за начинот на прием на студентите во државните студентски домови (“Службен весник на Република Македонија” број 89/13, 98/13 и 130/16). Во согласност со правилникот за прием на студентите, успехот од средното образование, успехот во текот на студирањето, редовноста во студирањето и семејно-материјалната положба на студентите се основните елементи за рангирање и прием на студентите во студентските домови.
V.2. Конечниот список за прием на студентите од II година и повисоките години ќе се објави на 11.11.2020 година на огласните табли во студентските домови каде конкурирал студентот и на веб страницата на Министерството. Приговор по резултатите се доставува до архивата на Министерството за образование и наука, „ул. Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите.

V.3. Конечниот список за прием на студенти од I година ќе биде објавен на 11.11.2020 година на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и на веб страницата на Министерството. Приговор по резултатите се доставува до архивата на Министерството за образование и наука, „ул. Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите.

V.4. Доколку бројот на студенти, кои ги исполнуваат условите согласно утврдените групи во глава I.2.од овој Конкурс, е помал од предвидениот број на легла, слободните места ќе се пополнуваат по редослед со студенти кои ги исполнуваат условите од другите групи.

V.5. Доколку се обезбедени соодветни услови, слободните места во студентските домови ќе може да се пополнат со ученици, согласно условите од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 година.

VI. РОКОВИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ

Студентот се вселува во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој е примен, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список

 

 

 

[ вторник, 27 октомври 2020 ] [ 4279 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar