Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Конкурс за доделување 9 (девет) стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од машинска струка, односно машински сектор во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 година

Конкурс за доделување 9 (девет) стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од машинска струка, односно машински сектор во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 година

 

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11 и Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 110/19), член 54 став 10 од Законот за ученичкиот стандард (“Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и 248/20), Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 195/20 и 253/20) и Решението за распишување Конкурс за доделување 9 (девет) стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од машинска струка, односно машински сектор во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021, бр.19-11883/1 од 27.10.2020 година, министерот за образование и наука донесе

 

КОНКУРС

за доделување  9 (девет) стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од машинска струка, односно машински сектор во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 година

 

Министерството за образование и наука ќе додели до 9 (девет) стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од машинска струка, односно машински сектор во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 година. 

 

 I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА 

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија и ги исполнуваат следните услови: 

1. да се редовни ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од машинска струка, односно машински сектор во Република Северна Македонија;

2. да освоиле најмалку една награда за I, II или III место на меѓународен натпревар или на државен натпревар од областа на машинска струка, односно машински сектор,

3. да имаат постигнато минимум континуиран успех од многу добар во досегашното  образование;

4. да не повторувале година во текот на образованието;

5. да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;         

6. да се државјани на Република Северна Македонија.

 

Критериум за доделување на стипендиите се:

- освоени награди на државни или меѓународни натпревари,

-за секоја дополнително доставена награда-диплома од областа на машинска струка, односно машински сектор се добиваат дополнителни бодови,

-постигнатиот успех од досегашното образование. 

 

При утврдување на вкупните бодови од освоените награди истите се вреднуваат на следниот начин:

- освоено прво место на меѓународен натпревар 3 бода

- освоено второ место на меѓународен натпревар и освоено прво место на државен натпревар 2 бода

- освоено трето место на меѓународен натпревар и освоено второ место на државен натпревар 1 бод

- освоено трето место на државен натпревар, 0,5 бодови.

Секоја освоена награда-диплома од областа на машинска струка, односно машински сектор се вреднува со дополнителни 0,5 бодови.

 

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ 

 

Учениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://konkursi.mon.gov.mk а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во Министерството за образование и наука, (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје), од 27.10.2020 до 09.11.2020 година, од 09-15 часот. Потребните документи за доставување се следните: 

1. Евидентен лист, само за кандидатите што ќе аплицираат хартиено;

2. Заверени на нотар фотокопии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение);

3. Заверени на нотар фотокопии од дипломи за освоени награди на државни и/или меѓународни натпревари;

4. Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија, објавена на интернет страницата на Министерството;

5. Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава, објавена на интернет страницата на Министерството;

6. Изјава потпишана од родител-старател за обработка на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка, објавена на интернет страницата на Министерството;

Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Македонија” бр.189/16 и 41/17), ќе го обезбеди следниот документ:

-уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

Наградите-дипломите каде што нема прецизно утврдено освоено место на државни или меѓународни натпревари, односно награди и пофалници за учество на натпревари без освоено место, нема да се земат во предвид.

 

Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е ненавремено доставена. 

Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен на 21.11.2020 година на интернет страницата на Министерството. 

Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 4.12.2020 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата.  

 

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА 

 

Висината на стипендијата ќе изнесува 2.200,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.

 

Контакт лице за дополнителни информации - Филиз Незир Емин, 072 219 986, filiz.nezir@mon.gov.mk
[ вторник, 27 октомври 2020 ] [ 563 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar