Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Рокот за продолжување на правото на студентска стипендија е до 30 октомври

Рокот за продолжување на правото на студентска стипендија е до 30 октомври

 

Се известуваат сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, крајниот рок за достава на документите до МОН е 30.10.2020 година.

Корисникот на стипендија треба да достави потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање и уверение/потврда за предвидени и положени испити со успех од претходните години и индекс на увид, како докази дека има положено 80% односно 90% (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот за стипендија.

Документите се доставуваат преку писарницата на МОН или по пошта (препорачана пратка со повратница) на адреса: бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје.

[ петок, 09 октомври 2020 ] [ 8782 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar