Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Известување за студенти: продолжен е рокот за аплицирање во студентски домови

Известување за студенти: продолжен е рокот за аплицирање во студентски домови

 

Министерството за образование и наука информира дека рокот за аплицирање за сместување во студентски дом за студентите од втора и повисоките години на студии е продолжен за 7 дена.

 

Согласно измените на конкурсот, електронското аплицирање и поднесување на потребните документи од страна на студентите од втора и повисоките години на студии ќе трае до 25.8.2020 година, додека конечните списоци со примени кандидати ќе бидат објавени на 7.9.2020 година, на огласните табли во студентските домови и на веб страницата на МОН.

[ петок, 14 август 2020 ] [ 6456 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar