Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Програма за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка на Република Северна Македонија со Полска

Програма за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка на Република Северна Македонија со Полска

 

Полската национална Агенција за академска размена известува дека почнувајќи од академската 2019/2020 година, реализацијата на меѓународната билатерална соработка во областа на високото образование од страна на Полска ќе биде спроведена во рамки на новата "Програма за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка - понуда за дојдовни студенти и научници" („Exchange Programme for students and scientists as part of the bilateral cooperation – offer for incoming students and scientists”)

Полската национална Агенција за академска размена известува дека почнувајќи од академската 2019/2020 година, реализацијата на меѓународната билатерална соработка во областа на високото образование од страна на Полска ќе биде спроведена во рамки на новата "Програма за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка - понуда за дојдовни студенти и научници" („Exchange Programme for students and scientists as part of the bilateral cooperation – offer for incoming students and scientists”). Најважната новина во процедурата за пријавување на кандидатите е дека по нивното првично прифаќање, тие ќе имаат обврска да се регистрираат индивидуално на NAWA ICT системот.

Линкот за регистрација е: https://www.nawa.gov.pl/en/

Стипендијата ги вклучува школарината и трошоците за живот на стипендистот (сместување, исхрана и сл.) за време на неговото студирање, студиски престој, истражување, предавање или уметнички престој.

Потребните документи за поднесување на кандидатурите, како и подетални информации може да се најдат на веб страницата:
https://nawa.gov.pl/studenci/studenci-zagraniczni/program-wymiany-osobowej-studentow-i-naukowcow-w-ramach-wspolpracy-bilateralnej-oferta-przyjazdowa

Апликациите треба да бидат доставени до Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија до 15 Мај 2019 година.

Лице за контакт: Гоце Видановски, Сектор за меѓународна соработка, 
e-mail: goce.vidanovski@mon.gov.mk

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar