Министерот за образование и наука Панче Кралев денес присуствуваше на пуштањето во употреба на Лабораторијата за мерење на еколошки параметри, инсталирана на Факултетот за електротехника и информациони технологии.
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски истакна дека лабораторијата може да мери осум еколошки параметри.
- Освен за еден параметар, за кој досега факултетот имаше стар инструмент од 1970 година, за останатите седум параметри што ќе можат да се мерат досега немало такви инструменти во Република Македонија. Владата во овој систем инвестираше околу 100 000 евра – изјави премиерот Груевски.
Тој истакна дека новата лабораторија е корисна за студентите, професорите и научните работници од сите јавни универзитети во Република Македонија, но и за бизнис заедницата, бидејќи опремата ќе може да се изнајмува за нивни цели.
Лабораторијата за мерење на еколошките параметри има двоен карактер, како научно-истражувачка лабораторија во која ќе се развиваат мерни системи за мониторинг на соодветните еколошки параметри кои влијаат на загадување на животната средина, и како лабораторија од практично-апликативен карактер.
Преку проектот на Владата на Република Македонија за основање и осовременување на научно-истражувачките лаборатории во земјата набавени се прецизен гасен анализатор за мерење на концентрација на гасови во воздухот, CO, SO2, H2S, O2 од висока класа на точност, преносен инструмент за мерење на брзина (јачина) на јонизирачко зрачење на ниво на фон и повисоки од фон, како и преносен инструмент за мерење аеросоли, внатрешна респираторна прашина и надворешна употреба. Професорите и студентите на располагање имаат и инструмент за мерење на штетни гасови во простории со сензори за H2S/CO, O2, SO2, NO2, NO, анализатор на звук со меморија, акустичен калибратор класа 1, инфрацрвена камера, за мерно подрачје -20 до 350 0C, со вграден блиц и инструмент за анализа на вода – фотометар.
Најнови конкурси
- КОНКУРС за кофинансирање на билатерални проекти меѓу Република Македонија и Црна Гора за периодот 2013-2014 година
- КОНКУРС за стипендии за студиски престој во земјите членки на CEEPUS Програмата
- К О Н К У Р С за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2012/2013 година
- КОНКУРС за доделување еднократни финансиски средства за објавен научно-истражувачки труд во 2012 година
- К О Н К У Р С за доделување на стипендии од Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија (Monbukagakusho) на Јапонија за 2013 година
.jpg)


























